Бразил и Аргентина со „два од два“ на стартот на квалификациите за СП

153

Бразил ја оствари и втората победа на почетокот на светските квалификации во зоната „Јужна Америка“. „Кариоките“ славеа со 1:0 на гостувањето во Перу, а голот за победа во самата завршнива (90’) го постигна дефанзивецот Маркињос.

Бразил собра 6 бода и излезе на првото место на привремената табела. Пред Аргентина која исто така има две победи, откако синоќа славеше кај Боливија. Аргентина ја победи Боливија со 3-0 на гостински терен иако во тимот го немаше Лионел Меси, кој го пропушти натпреварот поради болест. Головите за „гаучосите“ ги постигнаа Енцо Фернандез (31), Николас Таљафико (42) и Николас Гонзалес (83).

Во преостанатите два меча синоќа, венецуела со 1:0 беше подобра од Парагвај, додека без победник и без голови заврши преметката меѓу Чиле и Колумбија.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноПМФЛ: Работнички се враќа на Арената, мечот Шкупи – Брера се игра в сабота!
СледноВо октомври почнува продажба на билети за Евро 2024, најевтините ќе чинат 30 евра