Заедно да уживаме во магијата на новите почетоци

100

Флекс кредит како општествено одговорна компанија тежнее да помогне секаде каде што има можност.  Особено горди сме што и оваа година како и минатата организиравме мала работилница во нашите работни простории каде што заедно со ентузијазмот на нашите колешки подготвивме 100 ранчиња со училишен прибор за успешен старт на учебната година. Истите ги дониравме во ОУ,, Браќа Рамиз – Хамид,, во Шуто Оризари и со мало внимание успеавме да ја надополниме возбудата на новите почетоци.

На сите дечиња им посакуваме да бидат успешни во понатамошното учење.

Искрените детски насмевки се наша радост, водејќи се од иницијативата дека секоја насмевка е важна и секое дете заслужува убаво детство и среќни училишни денови!

Со подготовка на ранчиња со училишен прибор воедно им се заблагодаривме и на сите родители во компанијата кои успешно менаџираат семејства и работни обврски, како еден од бенефитите и можноста да уживаат во слободниот ден и заедно да креираат спомени со уживајќи во магијата на новите почетоци!

 

ПретходноМанев: Важна победа, честитки за сите, се гледаме за еден месец со нови сили и мотиви против Украина (ВИДЕО)
СледноАтанасов: Кога делуваме како екипа, заслужените бодови се тука