Играчите и селекторот на Англија во одбрана на Мегваер: Работите се преувеличуваат, а критиките се страшни

247

Негативните коментари за игрите и настапите на дефанзивецот на Манчестер Ј. и англиската фудбалска репрезентација, Хари Мегваер, не застанаа ниту по синоќешниот пријателски меч со Шкотска, кој Англичаните го добија со 3:1.

Мегваер имаше нов несреќен настап во националниот тим, овој пат постигнувајќи си автогол само дваесетина минути откако доби шанса во второто полувреме на натпреварот.

По натпреварот, селекторот на Англија, Герет Саутгејт силно ги нападна критичарите на Мегваер, а дефанзивецот силна поддршка доби и од соиграчите во името на репрезентативниот голман, Арон Рамсдејл.

„Кога си под микроскоп на навивачите и експертите, се анализира секој детал. Јасно е дека тој се обиде да ја направи вистинската работа блокирајќи ја топката, но таа влезе во голот и беше жално. Поради ситуацијата, луѓето ги преувеличуваат работите, а критиките се страшни. Сите зборуваат дека тој не треба да биде тука и не треба да игра, но Хари Мегваер е, како што видовме низ годините, еден од најдобрите стопери во Англија“, вели Рамсдејл.

ПретходноУкраина ќе не пречека во Прага, пријателска со Ерменија во Струмица
СледноПознати сите учесници на Купот на Африканските нации 2024 година