Битола ќе биде првото искуство за Колстад во Лигата на шампионите. Норвешкиот тим до сега нема играно во најсилното европско клупско натпреварување, па својата историја ќе почне да ја пишува токму од денешниот меч против Пелистер во салата „Боро Чурлески“.
Многу порано пред стартот на сезоната Колстад кој направи голем проект остана без пари, без доволен буџет, со кој може да ги плати сите играчи, како оние ѕвезди кои дојдоа како Сандер Сагосен. Сепак тимот остана да биде дел од ЛШ, играчите се согласија да играат за помали плати, а во меѓувреме сите се растрчани по пари, вклучувајќи го и целиот тим.
Колстад пред дуелот со Пелистер не тренирал во својата Арена, сите заедно патуваат по школи низ оваа земја каде ги поттикнуваат младите деца да се занимаваат со овој спорт, но истовремено собираат пари за клубот.
И покрај ова самодовербата е голема, но единствен голем проблем за Колстад може да биде публиката во Битола. Во гостинскиот табор се свесни за атмосферата која ги чека.
„Во Битола не чека атмосфера пред која до сега не сме играле. Фановите на Пелистер се вистински фанатици, сигурно ќе се обидат да ги направат проблем, да не дефокусираат. Но, ние мора да останеме концентрирани, да не размислуваме на сцената која не чека, туку да го одиграме нашето. Кога ќе успееме да се соочиме со атмосферата тогаш ќе бидеме конкурентни во однос на тимот, ќе можеме да пружиме отпор“, изјави Берге.