Навивачите му порачаа на Роналдо да си оди: Пет години лаги

987

Поранешниот бразилски фудбалер Роналдо по фудбалската кариера го купи шпанскиот клуб Ваљадолид. Меѓутоа како раководител на клубот не му оди добро. Испаднаа од Ла Лига, а оваа сезона во Сегунда го држат 17. место. Тоа е катастрофална состојба на клубот кој имаше големи амбиции кога Роналдо го презема кормилото.
Навивачите незадоволни му порачаа на Роналдо да го продаде клубот и да си замине.
„Пет години лаги. На работ на амбисот. Доста е веќе“, стоеше на банерот кој го распослаа навивачите на Ваљадолид.

ПретходноТрајковски ќе игра за Хајдук!?
СледноГерманците пречекани од 1.000 фанови во Франкфурт (ФОТО)