Пелистер немоќен на стартот на ЛШ, Колстад со цел плен од Битола (ФОТО)

876

Македонскиот првак со пораз ја почна својата авантура во Лигата на шампионите. Уште по првото коло, Пелистер ја почувствува на своја кожа суровоста кога си дел од едно вакво натпреварување, а на другата страна имаш еден противник како Колстад. Норвешкиот првак со серија од 0-7 за 11 минути ја осигура победата, која на крајот изнесуваше девет гола 22-31.

На битолчани им останува напорно да работат и да се издигнат по овој пораз, бидејќи во следното коло ги чека пресметка со Алборг на гости.

Радивојевиќ со шест гола беше прв стрелец, зад него беше Цехте со четири, Лесјак имаше девет одбрани. Бергеруд имаше 21 одбрана во првата историска победа за Колстад во Лигата на шампиони.

Пелистер преку Радивојевиќ го отвори мечот 1-0 и потоа во следните 11 минути ракометарите на македонскиот првак не постигнаа гол. Колстад направи серија од 0-7 ги казни грешките на битолчани, но добро бранеше и Бергеруд, запиша пет одбрани. Јовиќ во меѓувреме повика тајм-аут, не вроди плод иако противникот имаше играч помалку на теренот. Гостите доминираа на теренот. Во 12 минута беше 1-7, одбраната беше далеку од посакуваното ниво.

Кисум и Радивојевиќ конечно успеаја да ја прекинат серијата на противникот, намалија на 3-7 во 14 минута, се разбуди и публиката. Но, Пелистер не искористи уште една грешка на гостите, па следеше казна, Јохансен и Гудјонсон ја поставија највисоката предност, беше 4-12 во 19 минута. Покрај битолчани останаа со играч помалку, а Бергерут царуваше, запиша на 13 одбрани.

Не се промени нешто драстично, резултатот на одморот беше 10-16.

По само пет минути игра во второто полувреме, Колстад дојде на плус девет 10-19. Тешко беше да се најде патот за целосен кам-бек на оваа средба, а уште помалку да се парира на еден ваков состав. Многу рано беше јасно дека овој меч ќе оди во еден правец и покрај големата поддршка од трибините, на теренот силите беа „небо и земја“. Во 56. минута гостите по вторпат поведоа со 20-29, тука беше крајот на натпреварот.

ПретходноВардар 1961 со Бутел се загреваше за дербито со Пелистер
СледноМаџари против Водно Санс на отварањето на Втората сезона!