Капитенот на германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг, Вили Орбан, ќе мора долго време да остане надвор од терените. Како што потврдија од освојувачот на германскиот куп, унгарскиот репрезентативец се повреди на пријателскиот меч со Чешка (1:1).
Дефанзивецот го повредил десното колено и го чека пауза од најмалку 10 недели. Орбан најверојатно нема да игра на ниту еден натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите, што ќе биде голем проблем за германскиот состав.
Лајпциг е во група со Манчестер Сити, Јанг Бојс и Црвена Звезда, а Орбан ги одигра сите натпревари за РБ Лајпциг оваа сезона и е еден од најважните играчи во тимот на „биковите“.