Женската сениорска репрезентација ќе ја започне борбата за пласман на континенталниот собир, закажан за 2025 година, во претстојниот ноември.
Натпреварите се закажани за на 9. ноември и на 12. ноември, во рамки на првиот квалификациски прозорец, а противниците ќе ги дознаеме идниот вторник.
ФИБА го закажа одредувањето на квалификациските групи и ги објави шеширите од кои ќе бидат извлечени. Нашата репрезентација ќе ги чека противниците заедно со Ирска, Австрија и Азербејцан, екипи со кои е сместена во осмиот шешир. Ждребот е закажан за 19. септември, со почеток во 14:00 часот.
Европското првенство, кое на календарот на ФИБА е закажано за 2025 година, ќе се одигра во четири држави. Групната фаза ќе биде поделена во Чешка, Германија, Грција и Италија, а финалната фаза ќе се одигра во Атина, Грција.