Новиот селектор на Италија, Лучијано Спалети ја забележа првата победа на чело на „аѕурите“, откако синоќа во Милано, Италијанците со 2:1 ја совладаа Украина.
„Мораме да бидеме задоволни од играта и настапот вечерва. Не можеме постојано да притискаме и да не дозволиме ниту еден центаршут. На противникот му дадовме само една или две шанси. Тимот играше добар фудбал и добро изгледаше на теренот. Да не бараме премногу бидејќи не е реално. Во второто полувреме Украина одлично се снајде во контра-напад, бидејќи кога ќе ја изгубиш топката на работ од шеснаесетникот, тие веднаш напаѓаат и не им е грижа дали ќе загубат со 2-1 или 3-1. Требаше да постигнеме повеќе голови“, изјави Спалети.
За првиот месец на кормилото на Италија, Спалети вели:
„Првите 20 дена бев под голем притисок поради многу работи што требаше да ги разгледам. Добив сериозна поддршка од федерацијата, што беше многу важно“.