Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска покрена дисциплинска постапка против Хрватска, бидејќи нејзините навивачи истакнаа фашистичко знаме од Втората светска војна, на натпреварот против Летонија во квалификациите за ЕП 2024 година.
Хрватскиот фудбалски сојуз соопшти дека минатиот петок на натпреварот против Летонија во Риека (5:0) навивачите на трибините го развиориле усташкото знаме.
Хрватска веќе е под условна казна поради дискриминаторското однесување на навивачите на натпреварот од Лигата на нации во јуни против Холандија. Поради ова федерацијата не смеела да продава билети на своите навивачи за натпреварот во Ерменија, кој Хрватска во понеделникот го доби со 1:0.
Хрватска сега е под истрага на УЕФА и би можела да игра пред празни трибини на натпреварот против Турција на 12 октомври во Осијек.
Хрватската федерација соопшти дека соработува со властите во Ријека и ќе размислува за поведување правна постапка против навивачите. Веќе имаат снимки како го внеле знамето и кој им помогнал.
Хрватска е прва во својата квалификациска група и е фаворит за директен пласман на ЕП 2024 во Германија.