Украина ќе не пречека во Прага, пријателска со Ерменија во Струмица

888

Шестиот квалификациски меч од циклусот за Европското првенство 2024, македонската фудбалска репрезентација ќе го одигра против Украина. Со оглед на ситуацијата со воената состојба во земјата, Украинците своите мечеви како домаќини ги играат во остатокот на Европа, а дуелот со нашата репрезентација закажан за 14 октомври решија да го играат во Прага.

Украинците последниот меч како домаќини против Англија го играа во Вроцлав, Полска, а претходно беа домаќини во Трнава, Словачка на дуелот со Малта.

Инаку нашата репрезентација веднаш по дуелот со Украина на 17 октомври ќе има и пријателски меч со селекцијата на Ерменија. Дуелот е закажан на стадионот „Младост“ во Струмица.

ПретходноЗајков на прегледи до 4 часот утринава, за среќа, повредата не е сериозна
СледноИграчите и селекторот на Англија во одбрана на Мегваер: Работите се преувеличуваат, а критиките се страшни