Јувентус му ја „замрзна“ платата на Погба

257

Јувентус ја замрзна платата на Пол Погба и ќе заштеди околу 30 милиони евра доколку Французинот биде прогласен за виновен за допинг, пренсува „Газета дело Спорт“.

Доколку дојде до неповолен исход, клубот од Торини автоматски ќе го раскине неговиот договор. Погба е суспендиран во понеделникот откако падна на допинг тест направен на 20. август на мечот против Удинезе, кој целиот го преседе на клупата.

Погдба не може да тренира ниту со тимот. Тој одигра 213 минути по кам-бекот во Торини од Манчестер, неговиот договор истекува во јуни 2026 година.

Претходно„Кармата“ ја заврши својата работа: Фернандо Сантос доби „клоца“ од Полска
СледноЃорческа со пресврт до победа во второто коло на „Триглав опен“ во Скопје