Барселона со победа во Монпеље ја стартуваше сезоната во ЛШ

99

Екипата на Барселона славеше победа со 30-25 на гостувањето кај Монпеље во првото коло од групата Б во ракометната Лига на шампиони. Ова е шеста победа по ред на Барселона над оваа француска екипа.
Најефикасен во таборот на Барса беше Дика Мем со осум голови, а Алеш Гомез постигна шест. Кај Монпеље се истакна египетскиот интернационалец Ахмед Хешам со пет погодоци.

А Целје имаше водство на полувреме на гостувањето кај ГОГ Гудме и на крајот го загуби мечот со 38-36. Менсинг постигна седум голови кај ГОГ, додека кај Целје најефикасен беше Забиќ со осум.
На другите два денешни натпревари Алборг славеше победа на гости кај Киелце со 34-31, а Колштад однесе победа на гостувањто во Битола со 31-22.

ПретходноХандановиќ ја завршува кариерата
СледноТрајковски ќе игра за Хајдук!?