Бразил ја оствари и втората победа на почетокот на светските квалификации во зоната „Јужна Америка“. „Кариоките“ славеа со 1:0 на гостувањето во Перу, а голот за победа во самата завршнива (90’) го постигна дефанзивецот Маркињос.
Бразил собра 6 бода и излезе на првото место на привремената табела. Пред Аргентина која исто така има две победи, откако синоќа славеше кај Боливија. Аргентина ја победи Боливија со 3-0 на гостински терен иако во тимот го немаше Лионел Меси, кој го пропушти натпреварот поради болест. Головите за „гаучосите“ ги постигнаа Енцо Фернандез (31), Николас Таљафико (42) и Николас Гонзалес (83).
Во преостанатите два меча синоќа, венецуела со 1:0 беше подобра од Парагвај, додека без победник и без голови заврши преметката меѓу Чиле и Колумбија.
Finally, at the 90th minutes, Marquinhos scores for Brazil from Neymar’s corner.
Peru 🇵🇪 0-1 Brazil 🇧🇷 pic.twitter.com/10p16efiEK
— TM (@TM_23M) September 13, 2023