Во октомври почнува продажба на билети за Евро 2024, најевтините ќе чинат 30 евра

447

УЕФА од 3 октомври ќе стави во продажба 1,2 милиони билети за Европското фудбалско првенство во Германија (14 јуни – 14 јули 2024 година). УЕФА посочи дека има развиено програма која ги става навивачите на прво место во продажбата на билети. Од вкупниот број од 2,7 милиони билети, повеќе од 80 отсто ќе бидат наменети за љубителите од земјите-учеснички, а ќе има билети и за останатите држави.

Првите 1,2 милиони билети ќе бидат достапни меѓу 3 и 26 октомври. Фановите можат да ја креираат својата сметка од 3 октомври. Влезниците се доделуваат по пат на лотарија. Секој што ќе се пријави има исти шанси да добие карти за некој од бараните натпревари.

По ждрепката за одредување на групите на ЕП 2024 на 2 декември во Хамбург, уште 1 милион билети ќе бидат понудени на продажба за навивачите на земјите учеснички во соработка со националните асоцијации. Помал дел од картите сепак ќе бидат пуштени во оптек меѓу 21 и 26 март 2024 година.

Навивачите можат да побараат најмногу четири билети по натпревар. Најевтините билети ќе се продаваат по цена од 30 евра (околу 270.000 билети), доеека околу милион билети чинат помалку од 60 евра. За билет за финалето најевтините ќе чинат 95 евра. Најскапите билети достигнуваат цени и до 2000 евра.

ПретходноБразил и Аргентина со „два од два“ на стартот на квалификациите за СП
СледноСпалети ја запиша првата победа на кормилото на Италија: Мора да бидам задоволен