Изненадување од страна на кошаркарскиот клуб Баерн Минхен. Некогашниот шпански репрезентативец Серж Ибака е нов играч на минхенскиот клуб со кој потпиша едногодишен договор и со тоа се врати во Европа по долги години во НБА лигата.
Шпанскиот центар, роден во Конго, во Европа последен пат играше во сезоната 2008/09 како член на Манресе, а потоа играше за Оклахома, Орландо, Торонто, Клиперс и Милвоки. Во февруари оваа година тој беше трејдуван во Индијана која го отпушти по само два дена.
Од тогаш Ибака е без клуб, а сега се договори со Баерн и ќе игра во Евролигата. Тој со Шпанија освои златен медал на ЕП 2011 година и сребро на ОИ во Лондон 2012 година.