Маестрална партија на Хансен во кам-бекот, Кјелце без одговор

212

Во вториот меч од новата сезона во Лигата на шампионите, исто од групата на Пелистер, гостите запишаа победа. Алборг на гостувањето кај Кјелце славеше со 31-34, а лидер во редовите на данскиот состав беше Микел Хансен. Во кам-бекот на терените по паузата, постигна гола седум гола од десет обиди.

Алборг беше подобар противник и во првото полувреме, водеше со 15-18. Некаде од средината на првиот дел фати ритам, одржуваше позитива која беше доволна за да дојде до првиот триумф.

Покрај Хансен, Хангард и Влах имаа по пет погодоци. На другата страна Сиско постигна десет гола, кои не се покажаа како довлни за триумф.

ПретходноМаџари против Водно Санс на отварањето на Втората сезона!
СледноПешевски: Беа подобри од нас! Ние сме нови во ЛШ, ни треба поддршка и понатаму!