РБ Лајпциг остана без капитенот за цела групна фаза во Лигата на шампионите

193

Капитенот на германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг, Вили Орбан, ќе мора долго време да остане надвор од терените. Како што потврдија од освојувачот на германскиот куп, унгарскиот репрезентативец се повреди на пријателскиот меч со Чешка (1:1).

Дефанзивецот го повредил десното колено и го чека пауза од најмалку 10 недели. Орбан најверојатно нема да игра на ниту еден натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите, што ќе биде голем проблем за германскиот состав.

Лајпциг е во група со Манчестер Сити, Јанг Бојс и Црвена Звезда, а Орбан ги одигра сите натпревари за РБ Лајпциг оваа сезона и е еден од најважните играчи во тимот на „биковите“.

ПретходноСпалети ја запиша првата победа на кормилото на Италија: Мора да бидам задоволен
СледноПремија од 100.000 евра ќе поделат репрезентативците по ремито со Италија и победата над Малта