На квалификацискиот дуел помеѓу Чиле и Колумбија, искусниот Артуро Видал се повреди потешко и многу веројатно дека ќе престане со активното играње фудбал. Офанзивецот кој има 36.години почувствувал болка во коленото уште на загревањето, но истата ја игнорирал. одиграл седумдесетина минути, а потоа на носилки бил изнесен од теренот.
Прогнозите се лоши, доколку страдале лигаментите што е многу веројатно тој ќе мора сигурно да се опоравува долг период, а со оглед на годините, лекарите сигурно нема да му препорачаат повторно да заигра.