Тодорчев е назначен за нов тренер на Вардар Неготино

240

Второлигашот Вардар од Неговино го назначи Горан Тодорчев за нов тренер на тимот. Како што објавија од клубот, Тодорчев доаѓа на местото на Љупчо Димитковски, кој си замина од кормилото по последниот пораз на тимот во 3-тото првенствено коло.

Неготинчанецот Тодорчев своето деби на клупата ќе го има веќе викендов кога ќе го предводи Вардар на средбата од 5. коло во ВМФЛ против Скопје.

ПретходноПознати сите учесници на Купот на Африканските нации 2024 година
СледноПосле 18 години ЛШ се враќа во Битола, Колстад прв предизвик за Пелистер