Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски би можел да стане нов фудбалер на Хајдук од Сплит, пренесуваат италијанскиот „Калчомеркато“ и „Тутомеркато“. Наводно за неговите услуги бил заинтересиран и Динамо, но тој, сепак, го избрал Сплит, пренесуваат италијанските медиуми.
Тој би се преселил во Хајдук како слободен играч затоа што му истече договорот со Ал Фајха од Саудиска Арабија.
Трајковски летото 2010 година играше во Хрватска и тоа за Интер Запрешиќ (10 натпревари), од таму се пресели во белгиски Варегем. Играше за Мехелен, Палермо, Мајорка, Алборг и Ал Фајха.