Македонската тенисерка Лина Ѓорческа по голема борба и со пресврт успеа да го „скрши“ отпорот на Унгарката Лука Удварди и со 2-1 во сетови стигна до победата по 2 часа и 40 минути игра. Неизвесно беше во првиот сет кога повеќе грешки правеше македонската тенисерка и со Унгарката имаше водство, а таа предност Ѓорческа требаше да ја „брка“.
Почетокот на сетот почна со серија сервис грешки на Ѓорческа (која во текот на мечот имаше вкупно 17, а само во првиот сет 13) и Удварди поведе со 4:1 во гемови. Лина ја стабилизираше играта и со серија од четири гема поведе со 5:4, а потоа и со 6:5, а потоа во 12.тиот гем имаше и брејк и сет топка, која противничката успеа да ја спаси. Удварди го доби сетот, а потоа и тај брекот со 7:0 на поени.
Ѓорческа брзо се врати во игра и во вториот сет по 2:2 во гемови со серија од четири гема (повторно во мечот) го доби сетот со 6:2 и се избори за решавачки сет. Токму во тој сет, по 1:0 за унгарската тенисерка Ѓорческа по трет пат во мечот прави серија од четири гема за 4:1 со што беше на чекор до победата. Во осмиот гем на сервис на македонската тенисерка Унгарката Удварди во неколку наврати ја погодуваше линијата, па мораше Лина со одличен сервис да ја искористи втората меч топка за 6:2 во клучниот сет.
Ѓорческа имаше 7 брејка од 11 можности, а Удварди 3 од 11.
Во следното коло противничка на Ѓорческа, ќе и биде Рина Саиго од Јапонија.