Ливерпул има големи проблеми пред викенд дуелот со Вулверхемптон

254

Англиските медиуми денеска пренесуваат дека во таборот на Ливерпул имаат сериозни проблеми со повредите пред викенд дуелот со Вулверхемптон кој се игра в сабота во пладневниот термин.

Тренд Александер Арнолд, Ибрахима Конате, Дарвин Нунез и Тиаго Алкантара се повредени и го пропуштија денешниот тренинг. Тие здравствено се мачат уште пред репрезентативната пауза.

Основен проблем во сето ова е одбраната, затоа што Конате не е достапен, а Вирџил Ван Дајк е суспендиран. Ако на сето ова се додаде и можното одуство на Александер Арнолд, тогаш последната линија на Ливерпул ќе биде девастирана за в сабота.

 

 

Претходно16-годишниот Тома Георгиевски потпиша за Џенова
СледноВеќе нема дилеми, Александар Трајковски утре става потпис!