По освојувањето на 24-тиот гренслем на УС Опен, Новак Ѓоковиќ “скокна“ до Белград каде беше дел од фештата за фановите, а сега веќе е во Валенсија со својата репрезентација.
Секако дека Новак беше централна фигура за новинарите а тој како вистински професионалец одговораше и на незгодни прашања од шпанските медиуми кои го прашаа дали му недостигаат Рафа Надал и Роџер Федерер, а тој одговори…
„Искрено, мене Рафа и Роџер не ми недостигаат. Но сигурен сум дека му недостигаат на тенисот како спорт. И двајцата се легенди на тенисот, оставија големо наследство во овој спорт, но и во спортот воопшто“ потенцираше најдобриот тенисер во историјата.