Рио Фердинанд тврди дека на Кристијано Роналдо му била одземена една Златна топка во кариерата и дека тоа било во 2018 година, кога играчот од средниот ред на Реал Мадрид и капитен на хрватската репрезентација Лука Модриќ бил прогласен за најдобар во светот. Според него, тогаш била направена неправда и на Португалецот му било одземено големото признание.
Познатиот поранешен англиски фудбалер одговори на прашањето за Златната топка и споредбите меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо, големи ривали и дуо за кое многумина тврдат дека треба да се нарече најдобар на светот. Запрашан кој има повеќе Златни топки, Фердинанд рече: „Меси. Седум на пет. Роналдо беше ограбен во годината кога Модриќ ја освои оваа награда“.
Модриќ во 2018 година доби 753 поени при гласањето за Златната топка. Кристијано Роналдо, кој беше негов соиграч во Реал таа сезона и постигна 44 гола и осум асистенции на 44 натпревари, заврши на второто место со 478 поени.