Веќе нема дилеми, Александар Трајковски утре става потпис!

1474

Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски и Хајдук се договорија. Според информациите од тамошните медиуми веќе нема дилеми, нашиот фудбалер во текот на утрешниот ден и официјално треба да биде претставен како ново засилување на хрватскиот тим.

Трајковски во Хајдук доаѓа како слободен играч, откако неговиот договор со Ал-Феиха.

Македонскиот репрезентативец има 31 година, во националниот дрес има одиграно 83 меча и постигна 21 гол. Засега во светот на фудбалот се памети како човекот кој ја остави Италија без пласман на Светското првенство.

ПретходноЛиверпул има големи проблеми пред викенд дуелот со Вулверхемптон
СледноНа една од најдобрите тенисерки во историјата и се заканува затворска казна