Десетка за битолчани – атмосфера за секоја почит!

828

Никој не се сомневаше дека Пелистер на стартот на својата европска авантура ќе остане без поддршката на своите фанови, а уште помалку дека ќе игра пред одлична атмосфера.

Победник од вчерашната пресметка меѓу македонскиот првак и Колстад, покрај гостите кои резултатски доминираа, секако тука се и фановите на битолскиот тим. Сите тие испратија порака до цела Европа, а тоа е дека овој град живее за ракометот, беа вистински пример како се бодри својот тим во победи и во порази.

И не е само тоа, на крајот аплауз добија и ракометарите на Колстад. Пред мечот тие стравуваа за атмосферата во салата „Боро Чурлевски“. Не беше лесно да се игра пред толку гласна публика, но нивниот квалитет на теренот беше на многу повисоко ниво, па токму затоа заминаа со целиот плен.

„Амосферата беше луда, тешко е да се игра пред полна арена, но е големо задоволство. Игравме одлично уште од самиот почеток, имавме контрола, особено во одбранат, а нашиот голман беше фантастичен и ни овозможи многу лесни голови“, рече Гудјонсон.

На ракометарите на Пелистер по една ваква атмосфера им останува да се исправат побрзо и со многу подобри игри да ги наградат своите фанови.

Дефинитивно десетка за битолчани!

ПретходноЈирген Клоп ги разочара Германците
Следно„Роналдо го ограбија за една „Златна Топка“, онаа што му припадна на Модриќ“