Актуелниот македонски шампион во женска конкуренција, тимот на ЖФК Љуботен и официјално достави барање до надлежните да му овозможат следниот меч од домашниот шампионат да го одигра на Гратскиот стадион во Тетово.
Она што од ЖФК Љуботен го потенцираат е фактот дека и тие како и ФК Шкендија која што засега има единствено и ексклузивно право да игра на Гратскиот стадион, се прволигаши, а тоа е основното мерило за тоа кој треба, а кој не да игра на најголемиот фудбалски објект во Тетово.
Соопштението ви го пренесуваме во целост.