Актуелниот европски и светски одбојкарски шампион Италија, ќе го брани европскиот трон и на Евроволеј 2023. Во второто денешно полуфинале во Рим, Италија славеше со максимални 3:0 (25-21, 25-19, 25-23) над селекцијата на Франција и обезбеди 12-то финале низ историјата на европските првенства.
Италијанците пред полната сала „Палацето дело Спорт“ со голема поддршка од навивачите не им дозволија на Французите да се понадеваат ниту на сет. Од првиот поен, па се до финишот, на теренот доминираа момците на Де Џорџи, кои во осминафиналето ја елиминираа нашата одбојкарска репрезентација.
Вечерва ново блескаво издание кај бранителот на тронот имаше RРомано со 15 поени, додела Лавиа реализираше 13.
Финалето меѓу Полска и Италија ќе се одигра в сабота од 21 часот. Пред овој меч од 18 часот во битака за бронзата ќе играат Франција и Словенија.