Како да беше вчера: 12 години од „Леле луѓе што направивме“ (ВИДЕО)

318

Кошаркарска Македонија веќе со години се мачи, особено на репрезентативно ниво. Во овој спорт заборавивме како е да се учествува на големи натпреварувања, последното беше во 2015 година, а по промена на форматот на одржување на шампионатите, но и промената на генерации и се помал бројот на нови ѕвезди, си го сторија своето.

И после 12 години останува запаметено Европското првенство 2011 година во Литванија. Македонија стигна до полуфиналето на сметка на домаќинот Литванија. Во самиот финиш, Владо Илевски постигна тројка за делириум.

„Леле луѓе, што направивме! Радувај се Македонијо“, извика легендарниот бек во преносот и го дополни историскиот успех со уште еден сегмент што вечно ќе се памети.

ПретходноОрганизација за права на животните го предупреди Алкараз: Тоа е тортура, а не култура!
СледноПобедата на Новак Ѓоковиќ на УС Опен беше исклучително важна и за Кајри Ирвинг