Кил и ПСЖ не дозволија изненадувања: Фаворитите тргнаа со гостински победи

54

Францускиот ПСЖ со победа ја стартуваше новата сезона во Лигата на шампионите. Парижани се во групата во која се наоѓа и нашиот првак Е. Пелистер, а вечерва успеаја да оддолеат на притисокот во Унгарија и со 31:29 да слават во дуелот со ПИК Сегед.

Во еден дел од мечот имаше навистина доминантна и убедлива предност и од пет гола, но до крајот домашните се обидуваа да се одржат во живот. Добрите одбрани на Миклер и одличната игра на Бомбач во финишот го влесоа ПИК Сегед во негатива од само два гола, па потоа дојдоа и на минус еден (28:29), но тоа е се што успеаја да сторат.

Во вториот меч од групата „А“ лесен триумф на Кил на гостувањето кај ППД Загреб. Хрватскиот шампион очигледно не беше достоен ривал за Германците кои во ниту еден дел од мечот не дозволија изненадување. На крајот славеа со 23:30 и ги обезбедија планираните бодови од ова прво гостување.

ПретходноСудии за ВМФЛ: Младеновски ќе им суди на Детонит и Беса!
СледноПОТВРДЕНО: Кајл Вокер останува во Сити до 2026 година