КРАЈ НА БРУКАТА! ФФМ ја спасува арената со нов хибриден терен!

7843

Очајниот терен на стадионот „Тодор Проески“ беше главната тена цело лето затоа што нашите клубови а пред некој ден и националниот тим беа домаќини на ораниза поради која ни се смееше цела Европа. Уништениот терен на нашиот најголем стадион беше причината поради која не брукаа на сите страни и бевме пример за земја која нема еден терен на кој може да се играат меѓународни натпревари.

Дуелот со Италија од саботата ја прели чашата кога сите актери на теренот по средбата се молеа да нема повредени играчи а данокот го плативме ние затоа што при една интервенција ни се повреди првиот чувар на мрежата Столе Димитриевски.

„Нема повеќе да се брукаме! Итно влегуваме во поставување на нов модерен терен на стадионот. Ќе бидат потребни 6 до 8 недели за истиот да биде готов. За дуелот со Англија треаба да играме на најубав терен“, ни истакна Муамед Сејдини првиот човек на ФФМ по дуелот со Малта.

ФФМ ќе го спонзорира новиот терен кој ќе биде хибриден и како оној на белградска „Маракана“.

Што е тоа хибриден терен!?

„Станува збор за микс од вешташка (70%) и природна (30%), трева“, напомена Седјдини.

Средствата за новиот модерен терен ќе се обезбедат од фондовите на УЕФА и ФИФА а истиот ќе чини околу 200.000 евра!

Но теренот не е единствената болка на нашиот најголем стадион. Во извештаите на делегатите има стотици забелешки, примедби и барања!

Можеби ФФМ не смееше да се повлече од идеата да си направи сопствен стадион во Аеродром со капацитет од 12.000 гледалчи.

ПретходноНБА воведе ново правило: Казните за непочитување одат и до еден милион долари
СледноСудии за ПМФЛ: Качевски “главен“ во Кавадарци, Стојчевски во Штип!