МЗТ Скопје А. победи на пријателски меч со Гостивар

192

Кошаркарскиот шампион МЗТ Скопје А. вечерва против Гостивар ја оствари првата победа во подготвителниот период за новата сезона. „Штрковите“ беа подобри од екипата на Гостивар со 87:68 во меч во кој момците на Васко Атанасов отпорот на противникот го скршија во третиот период кој го добија со 9 поени.

Баковиќ со 13 поени беше најефикасен кај МЗТ Скопје А., додека Танасковиќ уфрли 12 поени. Добар настап имаа и Андоноски (11), Крстевски (10), Робев (10) и Миловановиќ (10).

В понеделник МЗТ Скопје ќе одигра тест-меч и со Рилски спортист.

ПретходноСкандалозно: Доволен беше еден потег за да се види вистинското лице на Садио Мане! (ВИДЕО)
СледноЧетворица фудбалери од младинскиот тим на Реал (М) уапсени поради секс скандал