Организација за права на животните го предупреди Алкараз: Тоа е тортура, а не култура!

722

Карлос Алкараз по елиминацијата во полуфиналето на УС Опен одлучи да замине во Мурсија и таму да ужива гледајќи борба со бикови. Ваквиот потег на младиот Шпанец кој со брзина на светлината стана се проби во светскиот тениски крем не им се допадна на оние кои најмногу ги штитат животните.

Организацијата за заштита и права на животните „ПЕТА“ го опомена Алкараз.

„Карлос, борбите со бикови се тортура, а не култура. Нема ништо смешно во прободувањето и мачењето животни – а повеќето млади луѓе во Шпанија не гледаат на борбите со бикови како на крвав спорт. Ве молиме да не ја поддржувате борбата со бикови“, стои во соопштението на организацијата ПЕТА, која претходните денови беше „информирана“ дека Карлос Алкараз е главна фигура на трибините, а сигурно и многу луѓе дојдоа да го видат.

ПретходноИгор Стефановски Иџе пред историска шанса за освојување на нова европска титула
СледноКако да беше вчера: 12 години од „Леле луѓе што направивме“ (ВИДЕО)