Победата на Новак Ѓоковиќ на УС Опен беше исклучително важна и за Кајри Ирвинг

657

Новак Ѓоковиќ мина тешки денови поради одлуката да не се вакцинира во време на пандемијата на коронавирус.

На српскиот тенисер не му беше дозволено да влезе во Америка, беше депортиран и од Австралија.

Новак сето ова го издржа машки и денеска повторно е на АТП листата со убедлива предност во однос на Карлос Алкараз. Тој на УС Опен ја освои 24-та Грен слем титула и испиша историја како најдобар на сите времиња.

Ретки беа спортските ѕвезди кои го поддржуваа Новак во одлуката да не се вакцинира, еден од нив беше НБА ѕвездата, Кајри Ирвинг. Актуелниот чкен на Далас имаше проблеми, бидејќи и тој одбиваше да се вакцинира за коронавирс. Тој пропушти голем дел од сезоната во 2021 година, остана без вреден договор.

Па токму затоа денеска тој е пресреќен што Новак Ѓоковиќ успеа да освои нов трофеј и да биде на врвот.

„Невакцинираниот Новак Ѓоковиќ го освои УС Опен. Тој победи, ќе победиме и ние“, напиша на Инстаграм Ирвинг споделувајќи интересна фотографија.

ПретходноКако да беше вчера: 12 години од „Леле луѓе што направивме“ (ВИДЕО)
СледноЈирген Клоп ги разочара Германците