Полска го урна проклетството наречено Словенија и по 14 години ќе игра финале на ЕП

240

По два последователни порази во полуфиналните дуели на минатите европски првенства во директните пресметки со Словенија, селекцијата на Полска вечерва успеа да ја мине бариерата, да ја совлада словенија со 3:1 (23-25, 25-21, 25-20, 25-21) и да обезбеди прво финале на европско првенство по пауза од 14 години. Избраниците на српскиот стратег Никола Грбиќ, веќерва им дозволија на Словенците да го отворат мечот со освојување на воведниот сет (23:25), но во следните три успеаја комплетно да го скршат отпорот на противникот во вториот дел од сетовите и да покажат дека не случано уште од групата во Скопје беа именувани како прв фаворит за златото.

Словенија влезе во мечот со голема самодоверба по победите во полуфиналните дуели со истиот противник во 2019 и 2021 година, но сега ситуацијата беше многу поинаква. Полска вечерва ги имаше фантастичните Вилфредо Леон и Качмарек, кои беа незадржливи на моменти и ја правеа разликата на теренот. Леон мечот го заврши со 25 поени, додека Качмарек нанижа 14. Кај селекцијата на Словенија одличен меч имаше Чебуљ, кој на моменти со атомскиот сервис ги излудуваше примачите на Полска. Чебуљ полуфиналето го заврши со 15 поени, колку што на крајот собра и Можиќ.

Вечерва во второто полуфинале играат Италија и Франција. Финалните возбудувања на Евроволеј 2023 се во сабота во Рим.

ПретходноШампионот подготвува тим за ЛШ: По Бен Талеб уште еден Тунижанец во дресот на Струмица
СледноСудии за ВМФЛ: Младеновски ќе им суди на Детонит и Беса!