Садио Мане, репрезентативецот на Сенегал и актуелен член на Ал Наср, важи за еден од најмирните играчи во светот на фудбалот. Не се расфрла со парите, дел од нив ги дава на сиромашните во својата земја. И така една цела деценија па и повеќе, Мане важеше за фудбалер за пример.
Сепак ни тој бе бил “цвеќе за мирисање“ што би се рекло. Доволен беше само еден потег да се види вистинското лице на овој фудбалер.
Откако неговиот Сенегал загуби на пријателски меч од Алжир, како што е вообичаено, новинарите веднаш по завршувањето на средбата посакаа да му земат изјава. Но тој на новинарот што дојде до кај него, како што се гледа од видеото, со рака му го отфрли микрофонот.
Откако виде што направил, Мане подоцна дал изјава, но останува впечатокот дека овој Сенегалец досега само вешто го криел својот вистински карактер.
Sadio Mané très en colère après le match… 😬😬 pic.twitter.com/JEbSmTGQhi
— Actu DZ ☪︎ (@ActuDZ_) September 12, 2023