16-годишниот Тома Георгиевски потпиша за Џенова

2038

Уште еден голем македонски талент ќе има шанса да ја гради својата кариера во Италија. 16-годишниот Тома Георгиевски од тимот на Њу Старс потпиша за Џенова. Овој фудбалер има играно за младинските репрезентации на Македонија до 15, 16 и до 17 години.

„Тома ја започна својата фудбалска кариера на 6-годишна возраст во фудбалскиот клуб Њу Старс, каде ги направи првите чекори на фудбалскиот терен. Заедно со своите соиграчи, уште од детската школа, напредуваа во младинци и оваа година го освоија и младинскиот Куп на Македонија и со тоа станавме Младински Шампиони на Македонија. Сето ова е благодарение на нашите современи тренинг процеси уште од најмала возраст, кои ги прават нашите сертифицирани тренери. Затоа се повеќе фудбалери од младинските категории, но и од сениорските категории стануваат цел на големите европски клубови, меѓу кои се Интер, Милан, Ница, Џенова, како и Динамо Загреб, Црвена Звезда, Партизан… Му посакуваме многу успех на Тома во Џенова, а сигурни сме дека ќе има богата фудбалска кариера и гордо ќе ја претставува Македонија каде и да оди“ – објавија официјално од ФК Њу Старс.

ПретходноИталија експресно во финале, ќе го брани европскиот трон
СледноЛиверпул има големи проблеми пред викенд дуелот со Вулверхемптон