Англиските медиуми денеска пренесуваат дека во таборот на Ливерпул имаат сериозни проблеми со повредите пред викенд дуелот со Вулверхемптон кој се игра в сабота во пладневниот термин.
Тренд Александер Арнолд, Ибрахима Конате, Дарвин Нунез и Тиаго Алкантара се повредени и го пропуштија денешниот тренинг. Тие здравствено се мачат уште пред репрезентативната пауза.
Основен проблем во сето ова е одбраната, затоа што Конате не е достапен, а Вирџил Ван Дајк е суспендиран. Ако на сето ова се додаде и можното одуство на Александер Арнолд, тогаш последната линија на Ливерпул ќе биде девастирана за в сабота.