Кошаркарскиот шампион МЗТ Скопје А. вечерва против Гостивар ја оствари првата победа во подготвителниот период за новата сезона. „Штрковите“ беа подобри од екипата на Гостивар со 87:68 во меч во кој момците на Васко Атанасов отпорот на противникот го скршија во третиот период кој го добија со 9 поени.
Баковиќ со 13 поени беше најефикасен кај МЗТ Скопје А., додека Танасковиќ уфрли 12 поени. Добар настап имаа и Андоноски (11), Крстевски (10), Робев (10) и Миловановиќ (10).
В понеделник МЗТ Скопје ќе одигра тест-меч и со Рилски спортист.