Очекувано ако се знае дека Дарко Чурлинов е далеку од фит по се она што му се случуваше во изминатите месеци кога имаше големи проблеми со здравјето. Па така Барнли, односно тренерот Винсент Компани не го пројави Македонецот за настапите на тимот оваа есен во Премиерлигата. Списокот е доставен во текот на вчерашниот ден, а на него го нема Чурлинов.
Очигледно е дека Дарко ќе почека со настапи во најсилната лига во светот во дресот на Барлни, барем до пролетниот дел.