Кајл Вокер го продолжи договорот со Манчестер Сити. Како што денеска потврдија од англискиот премиерлигаш, Вокер останува во европскиот шампион до 2026 година.
33-годишниот бек летово беше скоро на излезна врата, особено по интересот кој за него го имаше Баерн (М). Но откако не се договорија, Сити реши да го задржи во тимот со нов договор.
Вокер му се приклучи на Сити во 2017 година. Оттогаш, тој забележа 260 настапи за тимот во сите натпреварувања, постигнувајќи 6 гола и 18 асистенции.