Почина некогашниот играч на Бостон Селтикс и Орландо Меџик

1325

Пензионираниот професионален кошаркар Брендон Хантер кој во НБА лигата беше дел од екипите на Бостон и Орландо ненадејно почина на Флорида. Тој за време на јога третманот, таканаречен „врела јога“ наеднаш колабирал. Допрва ќе се дознае причината за смртта која што засега не е објавена.

Тој поника на Универзитетот Охајо, а во професионалните води влезе како 56. пик на драфтот во 2003. По Бостон и Орландо се пресели во Европа каде што играше во Италија, Грција, Израел, а кариерата ја заврши во Уругвај во 2013.

По пензионирањето работеше како агент.

 

ПретходноСудии за ПМФЛ: Качевски “главен“ во Кавадарци, Стојчевски во Штип!
СледноИм се случува и на најдобрите, Мартиал дојде на тренинг изутрина за да сфати дека тимот тренира попладне