Леверкузен со гол од пенал во 90+4.минута извади бод во Минхен! (ВИДЕО)

197

Какво дерби во Бундеслигата? Фантастично. Баерн Минхен и Баер Леверкузен одиграа 2:2 пред полната „Алијанц Арената“ во Минхен. Интересно е тоа што до 90+4.минута “баварците“ водеа со 2:1, но тогаш гостите од пенал преку Паласиос успеаја да дојдат до бод. Секако дека треба да се каже дека домашните поведоа со голот на Кејн во 7.минута.Потоа следуваше супер – голот на Грималдо од слободен удар за 1:1.

Во 86.минута Горцецка му донесе водство на Баерн од 2:1, и тогаш дојде таа 90+4.минута. Во 90+8.минута Упамекано погоди за 3:2, но голот беше од чист офсајд па така резултатот остана 2:2.

Ова значи дека и двете екипи кои досега имаа по три од три, дојдоа до првото реми во новата сезона во Бундеслигата.

ПретходноФановите во транс: Нејмар дебитираше, Ал Хилал го “торпедираше“ Ал Ријад! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноНица го “расплака“ скапиот ПСЖ на “Паркот на Принцовите“….емотивно збогување на Верати! (ВИДЕО)