Хандановиќ објави пензионирање, но ќе остана и натаму во Интер

128

Словенечкиот голман Самир Хандановиќ ја заврши својата богата фудбалска кариера, но се очекува и во иднина да остане во редовите на неговиот долгогодишен клуб, Интер. Како што вчера објавија од клубот, а и самиот Хандановиќ потврди, навивачите на Интер нема така лесно да се ослободат од него.

„Ви благодарам за наклонетоста во сите овие години. Ви благодарам за поддршката, што ме поддржувавте и ме трпевте. Горд сум што ги бранев нашите бои сите овие години, некои години подобро, а некои полошо, но секогаш со голема одговорност кон клубот. Го носам ова во моето срце и никогаш нема да го заборавам, но сепак останувам со вас“, објави Словенецот, кој се очекува да заземе некоја од раководните функции во клубот.

ПретходноФАКТИ пред 238. миланско дерби: Петтипат во 2023 година, Лаутаро како Џузепе Меаца…
СледноЖестока пресметка во Кавадарци: Комити ги нападнале Лозари во салата „Јасмин“