Борко во интервју за клупскиот сајт: Никогаш не го отпишувајте Вардар

208

Извршниот директор на РК Вардар, Борко Ристовски, во интервју за клупскиот веб-сајт зборуваше за новите предизвици пред кои е исправен и тој и клубот, како и перспективите кои се отвораат пред „црвено-црните“ за стабилизација на клубот и играчки и финансиски.

Борко веќе два месеци како Извршен директор на клубот, но имаше доволно време да се запознае со работите од техничка природа.

„Различно е многу, обврските се поголеми, но кога нешто се сака, ништо не е тешко. Свесно влегов во ова, и ја сакам оваа работа. Сите овие големи обврски и предизвици што се надвиснати над Вардар само ми се мотивација да покажам дека можеме и во Македонија да создаваме добра и успешна спортска приказна. И сите компании кои се општествено одговорни да се почувствуваат дека имаат каде да вложат со цел да му се помогне на спортот, а и самите тие да бидат видени на најсоодветен начин“, вели Борко Ристовски.

За добра спортска приказна, за нормално функционирање потребни се пријатели, поддржувачи, спонзори кои ќе ве следат во растењето и постигнувањето на спортските резултаи. Сезонава, покрај оние традиционални спонзори што и претходните сезони му помагаа на клубот, сега и повеќе други компании решија да го поддржат Вардар и да бидат дел од тимот кој прави големи чекори кон враќањето меѓу најдобрите, и продолжување на востановената традиција – Вардар да биде секогаш во врвот.

„Секако дека сум многу среќен што за вака кратко време успеавме да привлечеме нови спонзори, и да им покажеме и на оние што размислуваат дека треба што побрзо да се приклучат на нашето семејство. Во исполнувањето на нашите цели голем удел имаат финансиите. Затоа сметам дека треба поразлично да функционира Законот за спорт, да им овозможи на компаниите да се ослободат од сегашната стега и да можат повеќе пари да вложуваат во спорт, култура… Сите што ќе сакаат да вложат да бидат и пропорционално ослободени од даноците, како соодност за тоа што ќе го вложат. Така ќе се подгигне општествената одговорноста кај сите компании. А има многу компании кои сакаат да вложуваат во спортот. Треба нов Закон за спорт кој би бил поприфатлив за сите, поголема контрола и поттикнување да се вложува во спортот“.

Летово беше период на реорганизација во клубот. Се искористи периодот за поставување на нови цели, на зајакнување на организационалата, играчката и финасиската стабилност на Вардар. Се покажа дека со добра кадровска политика може да се направи конкурентен тим, кој нема многу да чини, а пак ќе остварува добри резултати, и ќе се работи на остварување на поставените цели.

„Целта годинава е фокусирана на два сегменти, финансика стабилизација и косолидација, а во исто време, резултатски и играчки да се следи таа финансика конструкција. Да бидат трошоците на минимум, и да имаме успешна трансформација. Досега добро одиме и чекориме. Двата трофеи, во Струга и Супер купот се одраз на тоа. За некои „неважен“, но за нас Струга е показател и навестување како ќе се случуваат работите сезонава. Ни покажа како треба да работиме понатаму. И освојувањето на Супер купот ни даде до значење дека ќе бидеме конкурентни сезонава, но, ни даде и нас како раководство задача да го исполниме нашиот дел, да бидеме финасиски стабилен клуб и да ги следиме резултаите што ги постигнуваат играчите. Направивме добра селекција со помош на стручниот штаб, на Недановски, Стоилов и Рогановиќ. Ние сме сервис на игралите, и правиме се тие да немаат притисок, туку тој да е кај нас. Со овие почетни резултати играчите ни дадоа на знаење дека треба да ги следиме. И ние сме подготвени на тоа“, вели Ристовски.

По завршувањето на сезоната голем дел од играчите беа слободни, но и покрај бројните понуди тие решија да останат во Вардар, па и да дојдат нови играчи со кои се зголеми конкуренцијата и квалитетот.

„Имавме тешкотии при правењето на екипата, што е сосема нормално, но направивме натчовечки наори. Сите во клубот заедно со претседателеот Михајло Михајловски направивме косолидација на работните навики, и го сменивме начинот на комуникација со играчите. Сите го искористивме нашиот авторитет играчите да останат во Вардар, и да покажеме дека Вардар е Вардар, еден од најдобрите тимот. Си превземавме голема обврска и истаа сега ја исполнуваме, смета Ристовски. „Направивме малку незгодна екипа, и очекувам од сите сезонава да „експлодираат“, и од Томовски, од Гогов да покаже дека сме биле во право што веруваме во него, во Мишевски, Лазаревски, па и новите играчи сите што дојдоа. Не правиеме селекција на поединци, силата е во колективо а не во поединецот“.

Спортот не е само играње на терен, туку и многу други фактори знаат да влијаат за постигнување на резултаите, почнувајќи од среќата, мотивот, а некогаш и судиите. Тоа е тема на кој многу често клубовите знаат да коментираат. Кога од трибини се гледа натпреварот полесно се забележуваат грешките, па и намерата да се биде на едната или другата страна.

„Од оваа страна е потешко, бидејќи не можете директно да влијате од трибините. Струмица ми беше прв Супер куп као директор, и доста стресно го доживеав тоа, па и целиот клуб. Судењето секогаш било главна тема, табу тема, и никој никогаш не сакал јавно да зборува. Но, напротив за се треба да се разговара, да се укаже, да се превенира, да се подобри. И во Струга и во Струмица имавме судење од иста судиска двојка, едни од најдобрите во Македонија. Донекаде можам да разберам да се има притисок, да се чувствува важноста на натпреварот, па и да се прават грешки, како што тоа беше во и во Струга и во Струмица. Но, не можам да разберам да се носат одлуки за кои цела сала може да види дека се на штета на Вардар, или пак на другиот тим,  и да не се превземе ништо да се променат тие работи. Нормално е да се греши, но и да се еволуира и на следниот меч да има помалку грешки“, смета Ристовски.

Сите сакаат да имаат фер услови за натпреварување, и единствено да се размислува како да победи противникот. Доколку има тенденција, и во серија постојано има лошо и пристрасно судење тогаш е нормално да се бараат средства како тоа да прекине.

„Нам ни останува само да се надеваме дека делот со судењето ќе се подобри, генерално за сите. Не бараме судење во ничија корист, туку едноставно – чесност и 50-50, па нека победи подобриот. Се залагаме за ферплеј на теренот и надвор од него. Во крајна мера, ако не се подобри ситуацијата и ако се продолжи со правењето сопки, и има разни игри околу Вардар, кои можеби во минатите години успевале, сега ако не се поправи стуацијата ќе бараме и судии од странство за дерби средбите, за да се добие на чесноста и да нема влијание од различни страни. Треба на терен да ја мериме силата“, смета Ристовски.

Ако Вардар многумина го сметаа за аутсајдер сезонава, првиот месец покажа нешто сосема друго. Трасиран е патот, но треба и да се издржи притисокот што го има и сигурно ќе расте као одминува сезоната. За три седмици Вардар одигра неколку важни и силни натпревари. Домашниот фокус сега е на дуелот со Еурофарм Пелистер. Првата топка ние ја освоивме победувајќи во Супер Купот. Сега следува дуел од првенството.

„Ќе биде ова за нас трет таков меч со таква важност сезонава. Ние на секој меч сакаме да го всадиме тој победнички менталитет, да поставиме императив дека треба да се победи, ние зад себе имаме победничка лоза, имаме двоцифрен број на титули и куп трофеи во Македонија, пет во СЕХА лигата, и сме двоен европски шампион. Играчите го прифатија тој преидзвик, ги освоивме двата трофеи. Ни останува да им дадеме секаква помош и поддршка, иако се млади, и некои не играле во македонското првенство, пред ваква публика со ваков набој, ние сме тука да им дадеме и мотив, и затоа размислуваме и за тоа како судите ја делеа правдата, барем на првите натпревари. Но, сакам да им порачам на сите во македонскиот ракомет, дека нема да дозволиме да се играат било какви игри околу Вардар и да се планира нешто. Ќе инсистираме да има фер плеј и на самиот терен да се покаже кој колку има квалитет“, потенцира Ристовски.

Од следната сезона ќе има нов систем на натпревари. Вардар као клуб ја поддржа таа иницјатива, но сепак треба да се најде компромис меѓу сите различни размислувања што постојат на таа тема.

„Не можеме да правиме нешто без одговорност. На Вардар најмногу можеби му одговара да има 8 екипи, но имаме став дека сме одговорни да што повеќе луѓе во Македонија можат да го гледаат Вардар. Нашата одговорност е да гостуваме и на други места низ Македонија, и затоа сакаме да се најде баланс на оптимален број на екипи каде ќе има и квалитет, но и да им овозможи на оние што се блиску до најдобрите да имаат можност да играат. На крај на денот спорот се игра за да привлечеме повеќе млади да се знаимаваат со ракомет, и само така можеме да им овозможиме на младите да ги видат своите идоли, играчите со кои се поистоветуваат. Само така ќе имае и нови генерации што ќе тренираат ракомет.“

Иако не е активен на теренот Ристовски секојдневно ја одржува кондицијата. И, не му доаѓа желба да застане меѓу стативите. Смета дека тимот има одлични голмани во кои има доверба, и од меч во меч ќе покажуваат се подобра форма. Иако е почеток на сезоната за Ристовски, Вардар е еден од двата најквалитетни тима, заедно со Еурофарм Пелистер. Тие би требало да се борат за титулата.

„Двете најквалитени екипи се Еурофарм Пелистер и Вардар, од втор план за титулата би требало да се замешаат Алкалоид, Тивеш и Охрид. Тие би биле во првата петорка“, смета Ристовски.

Во недела во Скопје се игра и дербито со Еурофарм Пелистер како дел од првото коло на Б групата од домашното првенство.

ПретходноЖестока пресметка во Кавадарци: Комити ги нападнале Лозари во салата „Јасмин“
СледноВиртус го отпушти Скариоло поради коментари на прес-конференција