Какво дерби во Бундеслигата? Фантастично. Баерн Минхен и Баер Леверкузен одиграа 2:2 пред полната „Алијанц Арената“ во Минхен. Интересно е тоа што до 90+4.минута “баварците“ водеа со 2:1, но тогаш гостите од пенал преку Паласиос успеаја да дојдат до бод. Секако дека треба да се каже дека домашните поведоа со голот на Кејн во 7.минута.Потоа следуваше супер – голот на Грималдо од слободен удар за 1:1.
Во 86.минута Горцецка му донесе водство на Баерн од 2:1, и тогаш дојде таа 90+4.минута. Во 90+8.минута Упамекано погоди за 3:2, но голот беше од чист офсајд па така резултатот остана 2:2.
Ова значи дека и двете екипи кои досега имаа по три од три, дојдоа до првото реми во новата сезона во Бундеслигата.