Француски Олимпик Лион конечно најде нов тренер. По отказот кој го доби Лорен Блан на негово место пристигна Фабио Гросо.
Изборот падна на човекот кој на Италија и ја донесе последната светска шампионска титула во 2006 година. Гросо во својата кариера настапуваше за Лион во периодот од 2007 до 2009 година и во тој период ја освои титулата и Купот.
Во својата тренерска кариера досега ги водеше Бари, Верона, Бреша, швајцарски Сион и Фросиноне.
Лион моментално е на последното место во францускиот шампионат со само еден освоен бод по четири одиграни натпревари.