Македонската ракометна репрезентација на претстојниот Европски самит кој ќе се одржи во Германија, дефинитивно ќе испише историја.
Поточно, нашиот национален тим ќе го отвори шампионатот против репрезентација на Франција, за кој што меч се продадени сите 50.000 билети. Оваа бројка е вкомпонирана со дуелот на домаќинот кој што истиот ден игра против Швајцарија, што ќе рече дека двата меча одат во пакет.
Досегашниот рекорд на гледачи на еден ракометен дуел, е постигнат на мечот помеѓу РНЛ и Хамбург во сезоната 2014. Што се однесува пак до ЕП рекордот го држи отворањето на шампионатот во Будимпешта каде што присуствуваа 20.022 гледачи.