Македонија е од денес 59. кошаркарска репрезентација во светот

225

На најновата ФИБА ранг листа, репрезентацијата на Македонија се најде на 59. место, што значи дека доживеа пад од шест места, во однос на последниот ранкинг.

Што се однесува пак до репрезентациите од Стариот континет, Македонија се наоѓа на 30. место, а пред нас е Данска со која што имавме дуели во предквалификациите летово.

Што се однесува пак до самиот врв, таму повторно се САД кои што го преземаа лидерското место од Шпанија. Светскиот шампион Германија е трета.

 

ПретходноЧленките на ШК Алкалоид ВМ Бела Котенашвили и ИМ Лела Јавакхишвили Светски екипни шампиони!
СледноБруно Петковиќ потпиша нов договор со Динамо